top of page

Крај на проектот Интергрин

Writer: Stojne TodorovskaStojne Todorovska

28 февруари 2025 година беше последниот ден од Еразмус плус проектот „Интергрин“. Во изминатите 30 месеци од неговото времетраење, шесте проектни партнери успеаја да вклучат речиси 60 претставници од различни општински одделенија од шест европски земји - Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и северна Македонија во: анкети, сесии за обука на пилоти, тестирање игри, транснационална онлајн дискусија итн.


Во овој период, проектните партнери создадоа и:


  1. Модуларна програма за обука за подобрување на зелените вештини на вработените во општините;

  2. Едукативна игра GreenUp, достапна во дигитална и печатена верзија;

  3. Платформа за е-учење каде што можете да ја најдете програмата за обука и ресурсите за учење.

  4. Систем за доделувањ сертификати„Амбасадор на одржливост“ за успешно завршување на обуката.


Главната цел на проектот Интергрин беше да понуди серија интерактивни алатки за учење кои ќе им помогнат на општините низ Европа да ги зајакнат своите капацитети за ефективна зелена транзиција. Сите овие алатки, вклучувајќи информации за активностите и достигнувањата на конзорциумот Интергрин се достапни на оваа веб-страница.


Им благодариме на сите партнери и учесници за нивната посветеност и напор во овој проект и ги покануваме сите заинтересирани општини и професионалци да ги истражуваат и користат овие ресурси во иднина!



 
 
 

Comments


bottom of page